Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S9 модели идниот месец на MWC 2018 | Trendseteri
Menu

Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S9 модели идниот месец на MWC 2018

Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S9 модели идниот месец на MWC 2018

 

 

Конечно го имаме официјалниот период кога Samsung ќе ја претстави новата генерација од својата Galaxy S линија. Потврдата доаѓа директно од DJ Koh, одговорниот, односно главниот за мобилниот бизнис во компанијата.

Потврдата Koh ја дава за порталот ZDNet при разговор со него во Лас Вегас на CES 2018. Претставувањето ќе се случи некаде околу MWC 2018, саем за мобилни кој се одржува на крајот од месецот.

Тој исто така истакна дека планираат да претстават смартфон што се превиткува идната година, меѓутоа за повеќе информации изгледа сепак ќе треба да причекаме приближување до датата на претставување.

Galaxy S9 и S9 Plus ќе бидат претставени месец дена порано од нивните претходници минатата година. Тоа значи дека тие ќе станат достапни во продажба месец дена порано, па може да се каже дека „трката“ помеѓу производителите си го прави своето.

Samsung обично ги претставуваше своите S модели на MWC, па само минатата година реши тоа да го направи на посебен настан 1 месец покасно.

Според информациите коишто ни се достапни досега, S9-ките нема да изгледаат нешто различно од претходните модели. Се разбира, ќе бидат опремени со најновите компоненти достапни во овој момент, па може да се очекува подобрување на перформансите.

Она што најмногу привлекува внимание и најверојатно ќе го дознаеме на самото претставување е дали Samsung ќе го користи новиот сензор за отпечатоци за прсти од Synaptics којшто се вградува под екранот.

Како што се најавуваше Vivo е првиот производител којшто претстави смартфон со овој сензор, меѓутоа сепак Samsung има шанса да биде првиот којшто ќе понуди ваков модел на пазарот.