Samsung Galaxy S9 почнува со производство за да се натпреварува со iphone 8 | | Trendseteri
Menu

Samsung Galaxy S9 почнува со производство за да се натпреварува со iphone 8

Samsung Galaxy S9 почнува со производство за да се натпреварува со iPhone 8

 

Јужнокорејскиот гигант тукушто ги претстави двете осмици пред светот, а веќе почна и со заокружување на процесот на производство на Galaxy S9.

Најновиот знаменосец на Samsung, Galaxy Note 8 е можеби импресивен смартфон, но од корејската компанија веројатно сметаат дека не е доволно импресивен за да се натпреварува со iPhone 8. Поради тоа, тие планираат порано да го претстават Galaxy S9, кој би требало да донесе поголеми промени во Galaxy линијата.

Всушност, иако во моментов телефоните на Samsung имаат најмала рамка околу екраните, кога ќе излезе на пазарот, ако може да им веруваме на сите информации и фотографии, iPhone 8 ќе биде уредот со најмала рамка во светот.

Бидејќи Samsung е производител со особено натпреварувачки дух, Galaxy S9 скоро сигурно ќе има минимална рамка (веројатно и воопшто нема да има) и ќе има напредни технологии како читач за отпечатоци вграден во самиот дисплеј (кој iPhone 8 нема да го има) и евентуално камера под дисплејот, технологија која е сѐ уште во експериментална фаза.

Информацијата дека Galaxy S9 ќе биде лансиран порано од планираното е произлезена од веста дека производството на дисплеите за Galaxy S9 ќе почне уште во ноември, многу порано отколку што почна за Galaxy S8. Според тоа како течеше производството на Galaxy екраните и телефоните досега, требаат околу 2 месеци од почетокот на производстово на AMOLED дисплеи до производството на телефонот.

Во превод, ова значи дека Galaxy S9 би бил евентуално лансиран во јануари наредната година, што е три месеци порано од датумот кога беа лансирани неговите претходници и веројатно доволно рано за навремено да ги замрси сметките на iPhone 8.

Превземено од smartportal.mk