Салеп и магичното дејство | Trendseteri
Menu

Салеп и магичното дејство

Салеп – Здравје во чаша

 

Од дамнина се верува дека салепот подмладува, го зајакнува, го чисти и го крепи организмот. Нему му се препишува и речиси магичната способност да ја разбуди сексуалната желба и да ја подобри машката потенција. Најчесто се употребува т.н. слуз од салеп, која се добива со мешање на салеп прав во вода, но постојат многу други рецепти за подготовка на салеп, па освен со вода се пдготвува и со млеко, чоколадо или овошни сокови.

Според биохемискиот состав во него има најмногу јаглехидрати, воглавном скроб, малку белковини, а се наоѓаат и масти и киселини. Потврдена е големата лековита придобивка на салепот, бидејќи таа во тенок слој се врзува за слузокажата, целосно ја обложува и ја штити од негативни влијанија, а помага и во случај на болки во грлото, долготрајна кашлица, астма, а благотворен е и за регенерирање при воспаление во желудникот и ѕидовите на цревата.

Помага при чир во желудникот и дванаесетпалачното црево. Брзо и ефикасно лекува диареа кај децата.

Во минатото салепот се користел за зкрепнување при тешки болести, а постоело и верувања дека го забрзува заздравувањето на рани, па на повредените места ставале облоги од салеп.

Подготовки на салеп:

Класичен салеп
Во сад ставете 200мл вода да врие. Пред да почне да прави меури ставете 2 кафени лажички салеп во прав и не мешајте подолго од една минута. Најчесто во салепот за домашна подготовка има ставено шеќер, но доколку сакате поблаго додадете плус по сопствен вкус. Оставете да се олади, напивката да биде млака. За поизразен вкус, наросете со цимет.

Салеп со чоколада
Растопете 100 грама чоколадо со една мала лажиќка путер или маргарин. во смесата додадете 10 грама салеп во прав. Добро промешајте. Консумирајте го кога ќе се олади и стврдне.

Млечен салеп
Провријте 300мл млеко и додадете 10 грама салеп во прав. Гответе на тивок оган додека смесата не се згусне и не стане како пудинг. Засладете со ванилин шеќер и наросете го со цимет. Пијте го топло.