Ротердам добива модна полиција: Ако треба ќе ги соблекуваме на улица! | Trendseteri
Menu

Ротердам добива модна полиција: Ако треба ќе ги соблекуваме на улица!

Ротердам добива модна полиција: Ако треба ќе ги соблекуваме на улица!

 

 

Полицијата во Ротердам почна со нов контроверзен проект со цел намалување на криминалот, кој се ознова на една необична идеја. Имено, модните полицајци по улиците на градот ќе ги застануваат луѓето кои носат скапи парчиња облека и накит, а кои по нивната проценка изгледаат сиромашно односно не можат да си го дозволат тоа за себе.

Заради тоа највеќе ќе се фокусираат на младите коишто  нема да имаат логично објаснување за нивната скапа јакна или часовник и на лице место ќе им бидат одземани од страна на модната полиција.

-Главниот фокус ќе бидат скапите часовници “Ролекс” или скапи брендирани јакни, кои обично се симбол на статусот помеѓу младите. Тоа се работи кои чинат и по неколку илјади евра, па се поставува прашањето како тие тоа го заработиле и купиле. Ако треба, ќе го соблекуваме на улица – изјави шефот на Ротердамската полиција Франк Паув за холандските медиуми.

Тој додава дека нема ништо против тоа да младите бидат убаво облечени по улиците, меѓутоа целта на овој проект е да се спречи носењето на украдена облека која масовно се краде од продавниците.

Остануваат само прашањата како полицајците ќе ја препознаваат украдената облека, како ќе разликуваат што е копија, а што оригинал, како и дали луѓето од сега ќе мора да си ги носат со себе своите фискални сметки за да докажат дека ги купиле, а не ги украле. А да не зборуваме за подароците и нивното потекло.