Рано будење - помалку стрес, помалку депресија | Trendseteri
Menu

Рано будење – помалку стрес, помалку депресија

Психолозите откриваат – раното будење ослободува од стрес и го намалува ризикот од депресија


Психолозите тврдат дека во старата изрека „Кој рано рани, две среќи граби“ има многу вистина. Тие сметаат дека луѓето кои порано легнуваат и наутро стануваат порано имаат многу помали можности да заболат од депресија.
 
На нашето тело најмногу би му се допаднало 8 часа здрав сон, а идеално будење би било во 7 часот наутро.
 
Научниците докажуваат дека луѓето кои стануваат рано, се неспоредливо поефикасни и попродуктивни од оние кои спијат до подоцна.
 
Според тоа, оние кои стануваат рано и имаатенергија целиот ден да бидат продуктивни, размислуваат по позитивно и се далеку позадоволни емотивно, од оние луѓе кои спијат до подоцна.
 
Уште една работа која на почеток на денот ќе ве направи попродуктивни е да на себе си дадете помал список на обврски, за да не се оптоварите.
 
Современиот начин на живот и пристап до технологија, толку го окупира нашето слободно време, па се подоцна одиме на спиење, но со воведување на овие здрави навики, би се ослободиле од дополнителен стрес, би ја подобриле вашата продуктивност и би биле попозитивни.