Хороскоп – Рак | | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Рак

Љубовен хороскоп за Рак – месец март 2018та

 

Рак 21.06 – 23.07

И Раковите, како и Биковите можат да се радуваат на присуството на Јупитер во поле на љубовта во текот на речиси цела година. Врските започнати под овој аспект носат трајност и стабилност, нормално доколку и други фактори ја поддржат таа состојба. Овој месец, пак, Раковите ги очекуваат интензивни настани во професионалниот живот, па со самото тоа и љубовта ќе доаѓа од тој правец. Изобилство на емотивни приказни започнати на патување, како и познанства и контакти со лица кои се враќаат од пат или се на било каков начин поврзани со странство. Најважната лекција која овие претставници ќе треба да ја научат, ќе трае речиси две години, а тоа е присуството на Сатурн во вашето поле на брак и партнерски односи. Па така, оние емотивни односи кои се на тенок мраз ќе бидат на сериозен испит, честопати ова движење носи прекин или заладување во долгите врски, но и озаконување на оние чијашто врска е стабилна. Истовремено оваа година под влијанието на Сатурн носи присуство на постара и зрела личност.

Поволни датуми: 6,7,25 и 26.
Неповолни датуми: 11,12,30 и 31.