Виктор Давидовски & "PSS Racing Team" со промоција на автомобилот за "TCR" првенството | | Trendseteri
Menu

Виктор Давидовски & “PSS Racing Team” со промоција на автомобилот за “TCR” првенството

Виктор Давидовски & “PSS Racing Team” со промоција на автомобилот за Европскиот “TCR” шампионат

 

 

Виктор Давидовски, еден од најдобрите македонски автомобилисти и повеќекратен државен шампион, вчеравечер во „Тренд Гастро Бар“ за прв пат пред македонската јавност го промовираше еден од 25-те автомобили од најновата генерација на Honda Civic TCR – супер моќниот автомобил со кој ќе настапува на годинашните трки од Европскиот “ТCR” шампионат.

На промоцијата беше одбележана и 20-годишнината од постоњето на ПСС Рејсинг тимот за кој вози Давидовски, преку ретроспективен приказ на неговите членови и најзначајни успеси во периодот 1998-2018, уште еднаш беше потенцирано значењето за македонскиот автомобилизам со настапот на ТЦР шампионатот меѓу самата европска елита.

Македонија конечно ќе има свој претставник на престижниот Европски ТЦР шампионат. Виктор Давидовски минатата година го освои и десеттиот шампионски пехар во својата кариера, па тој резултат дополнет и со одличниот настап на трката на издржливост, која се одржа на познатата Формула 1 патека, СПА Франкоршамп, во рамките на 24h TCE, едноставно го навестија следниот чекор за место и меѓу најдобрите европски автомобилист.

Сезоната во ТЦР шампионатот кој од оваа година е под закрила на ФИА и ЕЕЛ стартува со трките на 5. и 6. мај на патеката Ле Касталет во Франција, по што ќе следи на 20. и 21. мај трката во Холандија.

 

#HFWEXPO   Park Hotel & Spa

Mесец на девиците

Месец на Раковите
DejaVu Capitol Mall