Принцот Хари и актерката Меган го кажаа судбоносното "Да" | Trendseteri
Menu

Принцот Хари и актерката Меган го кажаа судбоносното „Да“

Принцот Хари и актерката Меган го кажаа судбоносното „Да“

 

Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл денеска точно на пладне, го кажаа судбоносното „ДA“ на нивната свечена венчавка во капелата во дворецот Виндзор.

На церемонијата присуствуваше целото кралско семејство. Меган носеше венчаница на креативната директорка на „Живанши“, која според медиумите чини 400.000 долари, а до олтарот на однесе таткото на Хари, принцот Чарлс. Кум на венчавката беше брат му, принцот Вилијам.

По песната „Stand by me”, која ја изведе црковниот хор, следуваше положувањето на заклетвата , а потоа и стaвањето на бурмите. Тие се направени во лондонската продавница за накит „Клив енд компани“, која го изработи и вереничкиот прстен на Меган Маркл.

Бискупот Кери одржа емотивен говор за љубовта,, но и човековите права, бискупот зборуваше и за времето на робовладетелството, за Мартин Лутер Кинг. Меган инаку, е првата личност од афроамериканско потекло која станала член на британското кралско семејство.

На оваа свечена венчавка присуствуваа бројни познати личности од светската естрада, а најголемо изненадување беше гостувањето на бившите девојки на Хари, Челси Дејви и Кресида Бонас.

Кликни тука за фотогалеријата

Прв детски саем во Скопје   Park Hotel & Spa

Mесец на лавовите

Месец на Раковите
DejaVu Capitol Mall