Скопје дел од "Премиум Рели Софија – Свети Влас" | Trendseteri
Menu

Скопје дел од „Премиум Рели Софија – Свети Влас“

За прв пат релито за ексклузивни автомобили ја посети Македонија

 

По иницијатива и покана од „Park Hotel & SPA“, Скопје беше дел од рутата на овогишното Премиум Рели Софија кое се одржува по 6ти пат. Од 6ти до 10ти јуни ова рели поминува повеќе од 1,200 километри. Рутата се протега со стартот во Софија-Бугрија, преку Скопје, Солун, Серес и Александрополис во Грција и финишира во Свети Влас-Бугарија.

За ова задоволство учесниците плаќаат по 2,000 евра што во споредба со вредноста на возилата не е ни толку значајно.

Во центарот на Скопје на плоштад Македонија, на 07.06  од 13:00 часот љубителите на спортските автомобили имаа можност да уживаат во повеќе од 40 лимитирани серии на возила меѓу кои: „Lamborghini Aventador Spyder“ – со преку 700 к.с., во исклучително убаво „пакување“, „AUDI R8 PLUS“ – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инжењерство, „Ferrari 488“ – Носител на награда „Супервозило на годината“ од Top Gear, „AstonMartin DB11“ – возилото на Џејмс Бонд, „AMG GT R“ – специјално создадено чудовиште за на стаза од Mercedes-Benz, Mercedes-Benz „C63 S Coupe“ појачано од Manhart со преку 700к.с., „Nissan GT-R Black Edition“ – модел чиј претходник повеќе години беше првото што луѓето го замислуваа кога ќе слушнат „супер возило“ – „Nissan Skyline“, „Porsche 991 Turbo S“, „Polaris Slingshot“, „BMW X6 M“, „Audi RS7“ и многу други.

Се надеваме дека ќе останеме и во иднина дел од рутата на ова рели.

 

 

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
NOA Lounge Bar - Ohrid