Предмети кои носат несреќа | Trendseteri
Menu

Предмети кои носат несреќа

Пронаоѓање на туѓи работи можат да ви донесат негативна енергија, болка, несреќа…


Постои причина зошто никогаш не смеете да собирате од улица предмети кои некој ги изгубил. Никогаш не знаете каква енергија тие предмети носат и што од таа енергија може да се пренесе на вас.
 
Ако на земја видите некои од овие 5 предмети, никогаш не треба да ги земете.
 
1. Пари
Доколку на улица видите пари, првиот нагон е да ги земете. Не го правете тоа. Црната магија е скоро секогаш поврзана со парите. Оние кои ја практикуваат, секогаш со причина ја врзуваат за парите. Таквите пари можат да ви донесат финансиска криза и не е пожелно да ги земете од улица.
Исклучоци се ситни пари и монети кои понекогаш може да ви донесат среќа, но никогаш неможете да бидете сигурни дали тие пари носат негативна или позитивна енергија, затоа најдобро е да ги оставите каде и да ги видите.
 
2. Накит од злато или сребро
Накитот ја апсорбира енергијата на сопственикот. Личноста која на улица ќе пронајде и земе прстен, нараквица, синџирче или брош, ризикува да покрај негативната енергија од сопственикот ги добие и неговите болести.
 
3. Клучеви
Постои статистика дека изгубените клучеви го наоѓаат својот сопственик во само 3% од случаите. Најопасно е тоа што повеќето клучеви не се изгубени, туку отфрлени од сопственикот.
 
4. Огледало
Огледалата од секогаш биле поврзани со магијски ритуали. Огледалото е таен сведок на се што се случува на сопственикот. Тоа ги носи и печатот и среќата и тагата од неговиот сопственик.
Ако видите огледало на улица, опасно е да го подигнете, а уште по опасно да се одледувате во него. Се смета дека подигнување на скршено огледало од улица може да донесе сериозни болести на сопственикот.
 
5. Часовник
Часовниците ретко се губат. Тие се поврзани со биоритамот на личноста која ги носи. Ако најдете изгубен часовник и го ставите на себе, ризикувате да го промените сопствениот биоритам.