Јас сум ѝ партнер на мојата сопруга | Trendseteri
Menu

Јас сум ѝ партнер на мојата сопруга

Вистинскиот маж има партнер а не слугинка!


Генерален проблем во брачните заедници во нашата држава е односот од страна на мажот кон сопругата. Тој смее да прави што сака. Дома се однесува како гостин, бидејќи си има друга за забава на која ѝ пружи љубов. Тие се нарекуваат фраери, но во суштина се безвредни битија.

Мажите што ги сакаат и ги почитуваат своите сопруги најчесто се наречени „папучари“, но се правите трендсетери. Многумина се срамат од таа „титула“, иако не би требало.

Еден маж ја раскажал својата страна од приказната:

– Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и разговаравме за животот…

„Одам само накратко да ги измијам чиниите што останаа во кујната“, му реков.

Ме погледна како да му реков дека ќе одам да конструирам вселенски брод. Ми рече, малку збунето:
„Добро е што ѝ помагаш на својата сопруга, но кога јас ќе го направам тоа, мојата жена не го цени мојот труд. Еден ден го избришав подот, а таа не ми рече ни благодарам!“

Се вратив и му објаснив дека јас не ѝ помагам на мојата жена.

„На мојата сопруга не ѝ треба помош, ѝ треба партнер. Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство, задачите се поделени, ама сигурно не се работи за помош во куќата. Јас не ѝ помагам на мојата сопруга да ја исчисти куќата затоа што и јас живеам тука, па морам и јас да чистам. Не ѝ помагам да готви затоа што и јас сакам да јадам, па морам и јас да готвам. Не ѝ помагам да ги мие садовите по секој оброк затоа што и јас сум ги користел тие садови. Не ѝ помагам околу децата затоа што тоа се и мои деца, а моја улога е да бидам и татко и родител. Јас не ѝ помагам на мојата жена околу перењето и пеглањето облека зашто тоа е и моја облека и на моите деца.

Јас не сум помош во куќата, јас сум дел од куќата“.

Што се однесува до ценењето, го прашав кога последен пат, откако завршила со чистењето на куќата, перењето на облеката, бањањето на децата, готвењето и организирала сѐ, ѝ рекол „ти благодарам“?

Но, пофалбите од типот: „Жено моја! Фантастична си!“

„Ти се чини апсурдно и чудно? А кога ти, еднаш во 100 години си го исчистил подот, си очекувал минимум – награда за извонредност, со многу слава. Зошто? Си размислил ли некогаш за тоа, пријателе? Можеби е така затоа што сето тоа се нејзини обврски? Затоа што си се навикнал сите обврски таа да ги завршува, а ти да не мрднеш со прст? Цени ги другите како што би сакал и тебе да те ценат, на ист начин и со ист интензитет.

Пружи рака, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин и мршојадец кој дошол само да јаде, спие и да се бања…