Поврзаноста на калориите и телесната тежина | | Trendseteri
Menu

Поврзаноста на калориите и телесната тежина

Поврзаноста на калориите и телесната тежина

 

 

 

Луѓето секогаш повеќе се оптеретуваат со калориите и бројката што ќе ја видат на етикетата како енергетска вредност. Составот на калориите е многу поважен од самата бројка на калории, но сепак во овој краток текст ќе ги расчлениме калориите и нивното значење. Kалориите се:

  • единица мерка за енергија што телото ги користи како гориво за своите функции и активност
  • ги добиваме од протеини, масти и јаглехидрати од храната и пијалаците што ги внесуваме
  • неопходни се за основните телесни функции како што се одржување на функцијата на срцето, на мозокот и на белите дробови (што се нарекува и базален метаболизам или бројот на калории потребен макар и да не правите ништо освен лежење цел ден :))
  • многу се важни како гориво за физичка активност — од најмала гестикулација со рацете до трчање 8 километри.

Бројот на калории што ни се потребни секој ден зависи од тоа колку килограми имаме, колку мускулна маса имаме и колку сме активни.

Ако внесуваме повеќе калории отколку што му се потребни на телото, вишокот калории се складира како телесни масти.
Ако внесуваме помалку калории отколку што му се потребни на телото, калориите што претходно ни се складирале (масно ткиво) се трошат за да обезбедат дополнителна енергија.

Половина килограм = околу 3.500 калории

За да ја намалите тежината

Со 500 калории помалку во денот, неделно ќе намалувате по 3.500 калории — со што ќе губите по половина килограм масно ткиво. Но, не внесувајте помалку од 1.200 калории дневно.*

Aко сакате да губите по повеќе од половина килограм неделно ќе треба или уште повеќе да го намалите калорискиот внес,* или да трошите повеќе калории со вежбање.

За да ја одржувате тежината

Урамнотежете го бројот на калории што ги внесувате преку храна и течности во однос на бројот на калории што ги трошите. **

Калорискиот внес за жени е околу 24 калории за секој килограм телесна тежина (жена од 68 кг. треба дневно да внесува околу 1.800 калории.)

Калорискиот внес за мажи е околу 28 калории за секој килограм телесна тежина (маж од 90 кг. треба дневно да внесува околу 2.800 калории.)

Прв детски саем во Скопје   Park Hotel & Spa

Mесец на лавовите

Месец на Раковите
NOA Lounge Bar - Ohrid