Почнете го денот со позитивно расположение | Trendseteri
Menu

Почнете го денот со позитивно расположение

Почнете го денот со позитивно расположение

 

 

Многу е патетично кога некој ќе ти каже “биди позитивен”. Тоа не е нешто што треба некој да ти го каже, но дефинитивно треба некој да те праша: “Што толку во животот имаш проблем голем за што си негативен за себе и за околината околу тебе?” Барем другите не заслужуваат да ги труеш!

Еве неколку точки по кои треба да се раководите да го одржите денот без да си ја нарушите добрата енергија.

Фокусирајте се

Утринскиот тренинг ќе ви даде сила за остатокот од денот и ќе ви овозможи да се фокусирате на работите што треба да ги постигнете. Чувствувам дека чистиот ум по вежбање особено качувањето до Водно или џогирање ми го дава потребниот мир и спокој за да си го планирам денот и да бидам сигурен дека ништо не сум заборавил. Додека вежбате, обидете се да си го испланирате денот и така најдобро ќе го искористите времето.

Дајте му предност на вежбањето

Од многу луѓе слушаме дека секогаш планираат да вежбаат, но во текот на денот си го пополнуваат целото време и не го ставаат вежбањето пред стотици други работи што треба да ги направат.

Колку пати ви пропаднале намерите за фитнес зашто денот ви бил полн со активности и сте немале време или енергија да се погрижите за телото? Ако се разбудите рано и го ако го почнете денот со тренинг, нема да ви се расипат плановите. И не заборавајте на планот на исхрана.

Бидете позитивни

Подобрете си го расположението со природен налет на здрави хормони. Вежбањето го забрзува ослободувањето на хормонот на среќата — ендорфин во телото. Ако го почнете денот со утрински тренинг, тоа ќе предизвика среќно и позитивно чувство што ќе ви влијае врз животот, како и врз животот на оние со кои контактирате преку целиот ден.

Успејте

Успехот и чувството на постигнување на целите ќе ви помогнат да стекнете самодоверба. И во спортот и во животот има неколку подобри чувства од остварување на целта. Почнете со најмали победи како местење кревет, измиени садови, среден дом и облека, туш… Ако стекнете добри навики и ако вежбате рано наутро, ќе ја постигнете целта да бидете активни.

Забрзајте го метаболизмот

Ако го започнете го денот со вежбање, истовремено го забрзувате метаболизмот и го терате телото да ја користи енергијата за регенерација во текот на денот и тоа ве прави порасположени. Вежбањето може да го забрза метаболизмот додека телото е во мирување, што значи дека телото ќе согорува повеќе калории.

Знаеме дека има еден куп причини зошто не го сакате утринското вежбање. Но, ако позитивно го почнете денот и ако се погрижите за своето тело, тоа може да ви ги подобри перформансите и во другите делови од животот. Ако тренингот ви биде една од првите работи што ги правите секој ден, постои можност тоа да ви стане секојдневна навика.

Меѓутоа,  и малку да вежбате е подобро од воопшто да не вежбате. Навистина, добро е ако успеете да одвоите време за вежбање во кое било време од денот. Само не заборавајте секојдневно да наоѓате време за да бидете активни на некој начин. Потрудете се да бидете постојани и не дозволувајте со изговори да се откажете од најдобрoто што го можете.

The Better Nutrition