Перо Пандилоски ја откри својата “Летна тајна” | Trendseteri
Menu

Перо Пандилоски ја откри својата “Летна тајна”

Младиот и талентиран пеач Перо Пандилоски од Гостивар го објави видеоспотот за неговата најнова песна “Летна тајна”, која се очекува да прерасне во вистински летен хит.

Станува збор за авторско дело на Драган Матески, кој се потпишува на стиховите, а музиката му е заедничка со Бојан Илијески.

Кадрите за спотот, пак, се снимени во Маврово, во еден познат хотелски објект, под режисерската палка на Небојша Петревски од “ПроКам” продукција и младиот Стефан Димитриески. Покрај пејачот, во видеото се појавуваат и неколку атрактивни манекенки од модното студио Црнокрак, меѓу кои и Симона Станковска која е една од најтрофејните домашни мисици.

Погледнете и плакнете очи!