5 парфеми кои ќе ја обележат пролетта | Trendseteri
Menu

5 парфеми кои ќе ја обележат пролетта

Неодоливи мирисни весници на пролетта


Пролет е годишно време кое мириса најубаво, а ви најавуваме и нови парфеми кои совршено одговараат со топлото време и расцветаната природа.
 
Ова се 5те парфеми за пролет, кои секоја дама би ги посакала.
 
1. YSL Beaute- Black Opium Eau de Parfum Intense
Култното шишенце сега доаѓа во сина нијанса. Базата на парфемот е култната арома на кафе, анис и слатки модри бобинки придружени со мирис на сандаловина и ванила, правејќи го овој парфем единствен и прекрасен.
 
 
2. Emporio Armani- In Love With You
Новиот женствен парфем е креација на Ана Флипо. Овој парфем е сензуален, женствен, а се темели на необичната комбинација на сочна вишна, апсолут јасмин и рум кои нагласуваат елеганција и му даваат неочекувана урбана нота.
 
 
3. Narciso Rodriguez- Pure musc
Се работи за цветна, дрвенеста и мошусна комбинација, која ја креираше Соња Констан.
Најсилната мирисна нота на овој парфем е мошус, средната е бело цвеќе, а базната ноте е посветена на кашмирот.
 
 
4. Elie Saab- The girl of now forever
Се работи за парфем кој одликува свежи овошни ноти. Најсилната нота е кора од лимон и малини, средната е рози, црна рибизла, бадем и свет од портокал, а базата е пачули, кашмир, ванила и мошус. Неговите креатори кажуваат дека овој парфем е ода на младоста, пријателството и животот.
 

5. AVON EVE Truth
Новиот парфем кој го креираше Лорен Лежернек за Авон спојува нежни цветни ноти со овошни и сензуално минерални ноти.
Средната нота содржи нежен божур, богата гарденија и роза фрезија, додека базата на парфемот ја прави мошусот.