Речи да! | Trendseteri
Menu

Речи да!

Одржана „Парада на гордоста“ во Белград

 

На 16.09.2018 се одржа „Парада на гордоста“ во Белград под слоганот „Речи да!“. Овогодишниот собир организаторите го опишуваат како „баланс помеѓу прослава и (политички) протест“, затоа што претставува собирање со јасни политички побарувања. Учесниците на Парадата прошетаа низ централните улици на Белград, поминаа мирно со помал број на обезбедување од минатата година. Во текот на минувањето низ улиците фрлаа конфети, носеа балони и знамиња во шарени бои.

Нивните побарувања се заштита на човечките права од сексуалните малцинства, санкционирање на насилството врз врз тие заедници, да се применуваат членовите од кривичниот закон за злосторство и омраза на истополовите заедници и дозвола за регистрација на истите.

Премиерката Ана Брнабич, министрите Бранко Ружич и Зоран Џорџевич, како и градоначалникот на Белград Зоран Радојичич присуствуваа на Парадата на гордоста, а самата премиерка Ана ја предводеше. По завршувањето на парадирањето низ Белград следеше забава која траеше повеќе од 15 часа.