Панчо до MK естрада „Мрднете ги газовите и не трачарете“ | Trendseteri
Menu

Интервју – Панчо од ДНК до македонската естрада „Мрднете ги газовите и не трачарете“

Мрднете ги газовите и не трачарете

 

Ексклизивно за Трендсетери, Владимир Блажев  Ака Панчо од ДНК, ни ги кажа инпресиите од нивниот последен концерт, како и тоа како ги воспитува синовите.

Како сте задоволни од концертот. Што очекувавте а што добивте?

-Очекувавме љубов и позитивна енергија, а добивме маса народ и љубов за ИЗВОЗ. Среќни луѓе, многу насмевки, што ни даде многу мотив и инспирација да го спремаме нашиот четврти под ред студиски албум.

15 години ДНК, може да ми  кажеш некој најубав миг  во кариерата, а кој ви бил најлошиот период?

-Немало лоши мигови, бидејки сето тоа било само лекција и тест како да се изразиме понатаму и дали сакаме или вистински сакаме да го правиме тоа. Најубави беа трите досегашни концерти кои беа преполни. Два во Метрополис и еден во Универзалната сала.
Најбитен момент во овие 15 години кариера?

-Спојувањето со Лазар Цветковски како наш константен продуцент и трет член на ДНК .

Кој ваш хит сметаш дека остави голема трага во мак-музика?

-Да не звучам нескромно, но има неколу: „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“,„Срце“, „Авион“, „Што сака нека биде“, „Само таа знае како“, „Север и југ“, „Навлечена на тебе“ и „Пази се од мене“ ….

Кој видео запис ти е во срцето?

-„Уште еден ден“, дефинитивно.

ДНК, доказ дека може да се успее со квалитет и работа. Твојот стаф кон македонската музика и артистите.

-Мојот стаф е ист како од пред неколку години. Да ги мрднат агзовите и да се потрудат да работат на себе. Од седење дома, кукање и оговарање аир никој не видел. Да бидат искрени и да не глумат звезди бидејки кај анс тоа едноставно не постои.

Панчо во улога на татко. Како ги воспитуваш синовите и дали се талентирани за музика како тебе.

-Кас воопшто не сум талентиран. Тоа го кажа во песна еден мој драг колега кој јас исучително го ценам и почитувам. Јас сум радник ама ваљда па освен него дргугите тврдат дека сум талент. Ќе ги воспитувам поред сè да бидат луѓе во овој изместен свет на НЕ луѓе. Како ќе решат така ќе се бориме заедно. Тука ќе сум за нив само да сме живи и здрави сите. За сега не покажуваат некоја екстра заинтересираност а тоа воопшто не ме плаши нит напиња :))

Рапер, диџеј, родител…како е да си Панчо од ДНК?

-Пред сè морам да те поправам дека јас не сум рапер. Рапер е човек т.е. MC кој исклучиво рецитира за социјални теми и прави многу не комерцијални битови. Неќам да ги навредам вистинските рапери. Ме мешате можеби, бидејќи пуштам ХипХоп музика како ДиЏеј но не правам рап. Мислам дека ретко кој би го издржал темпото во кое јас живеам. Некогаш сакам да сум Владимир Блажев, но тоа е појако од мене и знам дека сум предодреден за ова и допрен од Бога и затоа ќе продолжам дур универзумот ми испраќа такви знаци..

Немаш амбиции да излезете со ДНК надвор од  Македонија?

– Имам и полека работиме на тоа но без брзање како што работиме во Македонија. Тивко и ненаметливо.

Што предтсвува за тебе добра и квалитетна трака. На кого си Ти фан?

-Трака која ќе ме допре и наежи. Некогаш не слушам текст. Ме ежи боја на вокал и мелодиска линија. Во комбинација со текст. Тоа е добитна комбинација според мене. Иако и аранжманот знае да игра огромна улога, но мене првите две ми се репер. Од МК естрада Фан сум на Суперхикс, Елена Ристеска, Каролина, Ена, Тамара, Тони Зен и на мега ТАЛЕНТИРАНИОТ Слаткар. Од странците на ДиЏеј Премиер, Колдплеј, Крис Браун и Џон Легенд.

Останува да му посакаме уште многу хитови и успеси во неговата кариера!