Падови на енергија и концентрација | Trendseteri
Menu

Падови на енергија и концентрација

Падови на енергија и концентрација

 

 

 

 

Дали ти се случило да те фати дремка попладне? Или да ти паднат очи и глава на средина на ден? Повеќето од нас сме го почувствувале ова и едноставно тоа е период од денот кога сакаш да се спружиш на кревет и да не правиш ништо.

Овие кризи можат да се изразат како потреба да легнете на половина час откако ќе ручате, или момент кога ќе ве фати главоболка и чувствувате дека мозокот не ви е повеќе способен да размислува, или уште попознато, криза за благо или грицки.

Што предизвикува попладневни кризи?

Еден дел од вината за овие кризи ја има самиот внатрешен часовник на телото. На пример, најголемиот моментум за спиење телото го доживува неколку часа после полноќ, а ист таков моментум со помала сила се создава и 6–8 часа откако сме будни. Тоа е одприлика попладне помеѓу 14:00 и 17:00 часот. Бидејќи овие природни појави и ритам на телото не може да ги побиеме, важно е да имаме ноќно спиење до 8 часа секое деноноќие.

Правилните јаглехидрати помагаат да си енергичен цел ден

Ако попладневните падови на енергија ти се секојдневие, тогаш можеби е најдобро да размислиш какви навики имаш во исхраната. Овие енергетски падови се најчесто поврзани со погрешно гориво во погрешно време во денот.

Ајде прво да ги прегледаме јаглехидратите кои ги јадеш. Шеќерот во крвта е најосновниот извор на енергија што телото го користи за да функционира во текот на денот. Овој извор на шеќер речиси во целост доаѓа од јаглехидратите кои ги јадеш во текот на денот. Различни јаглехидрати имаат различен ефект врз нивото на шеќер во крвта.

Кога јадеш процесирана храна, благо, пецива или некаков сок, во телото внесуваш голема количина на шеќер кој многу брзо се метаболизира и се претвора во гликоза. Тоа е брза енергија и е одлична опција кога ќе се стресе снага и раце, но телото не обожава големи и брзи промени на нивото на гликоза во крвта, затоа панкреасот кој е одговорен да го регулира нивото на шеќер во крв брзо го “решава” овој дотур на гориво со тоа што го става во резерва т.н. масти. Многу луѓе се заглавени во оваа игра, а тоа значи дека константно во текот на денот додаваат погрешни дотури на енергија кои имаат ефект на краток рок. Секогаш кога ќе изедеме некаква рафинирана храна што изобилува со прости шеќери имаме чувство на умор или пад на концентрација кратко после оброкот. Ова доведува до потреба за нов дотур на енергија што најчесто го бараме во кафе, сок, неколку коцки чоколадо, бонбона, грицки и слично… Простите шеќери брзо се претвораат во енергија и брзо се складираат во масти. Всушност и ова е најдобриот рецепт за стихијно создавање масти на долг рок.

Од друга страна кога јадеме овошје, зеленчук и непреработени житарки внесуваме јаглехидрати кои не создаваат гликемиски скокови во крвта. Тие се побавни за дигестија и со тоа обезбедуваат бавен дотур на гликоза на подолг рок.

Како да го одржуваш нивото на енергија

За да ја чуваш енергијата во добра кондиција во текот на целиот ден потребно е да имаш избалансирана исхрана. Тоа значи оброци на редовни интервали што вклучува главни оброци и ужинки. Едноставно кога не јадеш редовно нивото на шеќер во крв паѓа, а со тоа и енергијата и концентрацијата.

Исто како што прескокнувањето на оброците може да направи падови на енергија истото се случува и кога јадеме обилни оброци. Многу луѓе ги прават и двете грешки. Тоа најчесто е резултат на многуте падови на енергија кои што резултираат со желба да изедеш голем високо калоричен оброк за ручек. После оваков оброк телото треба да насочи голема количина на енергија за обработка на храната и тоа доведува до потреба за одмор после ручекот.

Добрата хидрација исто така е од исклучителна важност за одвивањето на метаболичките процеси, а се разбира и за одржувањето на добро ниво на енергија во текот на денот. Многу често недоволното количество на вода доведува до главоболки и намалена концентрација во текот на денот.

Уште една работа која што многу знае да помогне за зачувувањето на енергијата е протеинот. Протеинот е всушност природен регулатор на шеќер во крв и затоа правилниот внес на протеини дава ситост и не дозволува да дојде до драстични падови на шеќер што резултира со потреби за благо, сокови, кафиња и/или високо калорична обилна храна.

И за крај, одржувањето на добро ниво на енергија не е ништо повеќе од доволно оброци, доволно нутритивна вредност, вода и активност. Тие се клучните фактори за осолбодување на енергија.

 

The Better Nutrition…

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
NOA Lounge Bar - Ohrid