Кое овошје има најголем „antiage“ ефект - овошје на младоста | Trendseteri
Menu

Кое овошје има најголем „antiage“ ефект – овошје на младоста

Кога е во прашање овошје богато со „antiage“ состојки, тука на прво место се цитрусите (лимон, лимета, портокал…) кои изобилуваат со витамин Ц

 

Витаминот Ц поттикнува синтеза на колаген и помага кожата да изгледа блескава и млада. Едно истражување покажало дека жените кои секојдневно внесуваат доволно витамин Ц имаат помалку бори и поубава текстура на кожата.

Доколку утрото го започнете со чаша вода во која сте додале сок од цеден лимон, не само што ќе внесете витамин Ц, туку и ќе поттикнете природен процес на ослободување од токсини во телото со што на долги стази ќе допринесете поубав изглед на кожата и поголемо ниво на енергија.

За поубав изглед на кожата трудете се барме неколку пати во неделата да јадете ананас. Тој со активација на ензимите поттикнува стварање на колаген со што ја прави кожата поеластична и поотпорна.

Уште едно овошје кое можеби не го доживувате како овошје, а претставува одличен извор на антиоксиданси се маслинките. Тие содржат полифеноли и витамин Е кои заеднички ја штитат нашата ДНК од оштетување и ни помагаат да изгледаме помладо и да се чувствуваме поздраво.