Хороскоп - Овен | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Овен

Љубовен хороскоп за Овен – месец март 2018та

 

Овен 21.03 – 20.04

Овие претставници ќе бидат најмногу изложени на предизвици и искушенија. Во текот на овој месец се собираат поголем дел од транзитните планети во Риба, ваше 12то поле, поле на тајни. Нагласени ќе бидат токму тајните, паралелни и неконвенционални емотивни врски. Па така, слободните претставници кои се во потрага по стабилна врска, овој месец ќе треба да го прескокнат. Оние кои се во стабилен емотивен однос нека внимаваат на искушенијата пред кои може да бидат исправени, особено на оние познанства и контакти кои доаѓаат преку работа. Втората половина од месецот носи поволности и разрешување на дилемите во оние односи кои не биле стабилни. Влезот на Венера во вашиот знак ја најавува токму таа промена, додека ретроградното движење на Меркур ви враќа партнери поврзани со патување, а Марс, вашиот владетел ви носи интересни искуства со личност поврзана со странство.

Поволни датуми: 7,8,27 и 28.
Неповолни датуми: 11,12,24 и 25.

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите