Кои особини ве прават привлечни? | Trendseteri
Menu

Кои особини ве прават привлечни?

Во заблуда се жените кои се подготвени да го променат целиот личен опис, верувајќи дека мажите ќе се заљубат во нив


Кој не би сакал да знае кои карактеристики се важни, кога станува збор за привлекување и заведување. Жените се често подготвени да го променат целиот личен опис, верувајќи дека мажите ќе се заљубат во нив.

Но, постојат особини кои ни најдобрата шминка, ни најдобриот фризер во градот не можат да ги променат и да ве направат попривлечни отколку што сте. Психолозите, како и секогаш, имаат неколку совети, собрани од мноштво човечки искуства и однесувања.

Бидете природни како девојката на фотографијата. 


Кои особини и карактеристиките ве прават привлечни за другите луѓе:

 

  • Ако се гледате себеси како позитивна личност, која внесува живост, светлина и здравје, веројатно така ќе ве доживуваат и другите луѓе. Ова, се разбира, не значи дека со позитивното размислување ќе ги спречите предизвиците и лошите работи што ви се случуваат. Едноставно, ќе имате одредена леснотија при нивното решавање.
  • Вие сте уникатни. Тоа значи дека се истакнувате со нешто, дека сте автентични, дека луѓето ве паметат, можеби не затоа што имате зелена коса или пурпурни очи, туку затоа што нешто во вас се разликува од другите.
  • Имате јасна визија. Луѓето со јасни визии секогаш се попривлечни за другите. Дури и кога не се уверени во себе, во исправноста на нивниот пат, никогаш не се сомневаат во нивната визија.
  • Самодоверба преку гестови. Поточно, ова значи дека кога разговарате со луѓето ги гледате во очи, се насмевнувате и отворени сте, што покажувате со говорот на телото, движењето на рацете и слично. На таквите луѓе другите сакаат да им се обраќаат, бидејќи се чувствуваат безбедно.
  • Имитацијата прави чуда! Тоа конкретно значи дека при комуникација со луѓето, кои ви значат, понекогаш ги имитирате нивните гестови и движења. Секој човек е по малку нарцисоиден, а сите сакаат да се видат себеси во вас.