Инспирации за сезоната на забави, за оние кои не сакаат да погрешат | Trendseteri
Menu

Инспирации за сезоната на забави, за оние кои не сакаат да погрешат


Неколку инспирации од Оливија Палермо за аутфит на предновогодишните забави

 
Се ближи крајот на годината, период кој е резервиран за забави, празнични собирања, прослави… Со самото тоа напнатоста кај голем дами жени расте, затоа што секоја жена сака да изгледа убаво, сензационално и гламурозно.
 
Оливија Палермо дава неколку совети како да изгледате фантастично во целосно црна комбинација.
 
 
Доколку ве очекува важен настан, кој подразбира дури и црвен килим, тогаш вашиот избор треба да биде макси црн фустан со прозирен и сјаен тул, кој ќе го струкирате со трака.

 

За некои празнични приеми добар избор се и кожни панталони со атрактивен џемпер.

 

Друга опција е кожно здолниште во А крој, искомбинирана со набрани чизми во песок боја и струкирано палто.

 

Забавата во ресторан може да помине во знакот на вашиот чипкан макси фустан кој ја прати линијата на телото, преку кој би облекле свилено палто, сандали со шљокици, гламурозна шминка и полуизмазнета коса.

 

И без палто атрактивен макси фустан со карнери и шљокици, освежен со црвена плик чанта.

 наредна страна  продолжи > 1/2