Од кој витамин косата расте како луда | Trendseteri
Menu

Од кој витамин косата расте како луда

Photo: Shutterstock

3 начина како да и помогнете на вашата коса!

 

Ова е ефтин третман против опаѓање на коса, кој можете да го направите дома сами.

Опаѓањето на косата е проблем со кој многумина од нас се борат секојдневно, особено во пролет и есен кога костата паѓа повеќе.

Кога наутро на перницата ќе забележиме повеќе влакна, a и на четката за чешлање, време е да превземеме нешто. Едно од ретките лековити средства кое дава одлични резултати е витаминот Е, кој има голема антиоксидативно дејство. Тој ги штити келиите на кожата и косата од оштетување.

Витаминот Е може да се користи на три начина:

Во исхраната го има во спанаќ, брокули, кикирики, лешници и маслиново масло.

Со додавање на витамин Е во маслиново масло и потоа како маска да се остави да делува на косата половина час. Потоа се мие косата со благ шампон исто со додаток на витамин Е. Од оваа маска резултатот ќе го видите за 8 недели.

Со конзумирање на витамин Е како суплемент, не само што ќе поттикнете побрз раст на косата, кожата ке почне да ви блеска и воедно позитивно делува на имуниот систем.

Вие одберете кој од овие три начина ќе го практикувате, меѓутоа кој и да e нема да погрешите.