Новата Nokia 3310 презентирана во Барселона | Trendseteri
Menu

Новата Nokia 3310

Новата Nokia 3310 презентирана во Барселона

 

Снејк, копчиња и еден месец батерија во стендбај. Тоа го нуди новата верзија на Nokia 3310 поред неколку други новости како н.п. и камера.
Наследникот на легендарната 3310 од 2000та година беше промовирана на „Mobile World Congress 2017“ во Барселона од финската компанија HDM Global.

Старата верзија на мобилниот беше позната по долгтраењето на батеријата и по тоа што беше скоро неуништив. Малата Nokia нема тач и се команда преку класични копчиња. Камерата нуди само 2 мегапиксели, но има блиц. Нуди MP3 и радио и вградена меморија со 16MB и опција за мемориска SD картичка до 32GB. Го има во жолта, сина, сива и црвена боја по цена од 59 евра. За жал во Македонија се нуди по цена од 4.980 денари

По големите неуспеси на брендот Nokia, сака производителот да ја улови носталгичната клиентела пред објавувањето на новите модиле со Andriod оперативен систем. Со моделите Nokia 3 за 139 евра, Nokia 5 за 189 евра и Nokia 6 за 229 евра, сака Nokia да се врати во великаните на мобилната телефонија.