Некст Тајм се надминаа себе си | Trendseteri
Menu

Некст Тајм се надминаа себе си – погледнете го најубавиот спот за песната „Слушам кај шумат шумите“

Некст Тајм се надминаа себе си – погледнете го најубавиот спот за песната „Слушам кај шумат шумите“

 

„Некст Тајм” допре до срцето на секој македонец. Вчера со почеток во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје, братското дуо „Некст Тајм“ по пауза од две години го промовираше видеото за својата нова песна, која е преработка на добро познатата „Слушам кај шумат шумите“. Спотот е правен на режија на Огнен Шапковски кој успеа да направи едно од најдобрите видео записи кои до сега ги имаме видено на македоската естрада. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, главната улога ја има познатата актерка Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер Огнен и, секако, браќата Мартин и Стефан Филиповски.

„Со гордост ви го претставуваме нашето најново видео. Веруваме дека Македонија ќе е повторно горда“, напишаа момците споделувајќи го сработеното на социјалните мрежи и предизвикаа низа позитивни коментари кои ги разбудија емоциите и чувствата на македонска публика. Едноставно, направија вистинско ремек-дело! Тие исто така открија дека ќе снимаат цел албум со македонски изворни песни, па со нетрпение ќе го очекуваме секој нивен подвиг. Браво момци и само напред!