Некст Тајм се надминаа себе си | Trendseteri
Menu

Некст Тајм се надминаа себе си

Погледнете го најубавиот спот за песната „Нешто ќе те питам бабо“


„Некст Тајм”
допре до срцето на секој македонец. Вчера во Драмскиот театар во Скопје, братското дуо „Некст Тајм“ по пауза од две години го промовираше видеото за својата нова песна, која е преработка на добро познатата „Нешто ќе те питам бабо“. Спотот е правен на режија на Огнен Шапковски кој успеа да направи едно од најдобрите видео записи кои до сега ги имаме видено на македоската естрада. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, Улогите се одиграни од Стефан Јакимовски, Ивана Гелева, Каја Шопковска, а покрај нив браќата Мартин и Стефан Филиповски. Женскиот вокал го пее младиот талент Викторија Чочороска.

„Со гордост ви го претставуваме нашето најново видео. Веруваме дека Македонија ќе е повторно горда“, напишаа момците споделувајќи го сработеното на социјалните мрежи и предизвикаа низа позитивни коментари кои ги разбудија емоциите и чувствата на македонска публика. Едноставно, направија вистинско ремек-дело! Тие исто така открија дека ќе снимаат цел албум со македонски изворни песни, па со нетрпение ќе го очекуваме секој нивен подвиг. Браво момци и само напред!