Неработни денови во 2018 година | Trendseteri
Menu

Неработни денови во 2018 година

Министерството за труд и социјална политика ги објави неработните денови за 2018 година

 

Во 2018та  може неколку празници да се искористат за  продолжен викенд

Започнува со Бадник кои се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните.

Божик паѓа во недела, но неработен ќе биде понеделникот.

За наша среќа Водици се паѓа во петок, па ќе има можност за продолжен викенд.

Велигден ќе биде на 8ми април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9ти април. Заедно со неработниот Велики петок на 6ти април, ќе се има прилика за подолг одмор со оглед на тоа што ќе можете да отпатувате од петок до понеделник.

Интересен спој на празници ќе има во мај. На 24ти мај четврток неработни денови се за Кирил и Методиј, а во петок, на 25ти мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и можност, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови.

Споен викнд ќе има и на 15ти јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6ти јануари, Денот на независноста на 8ми септември и Св. Климент Охридски на 8ти декември.

Следи комплетната листа со неработни денови за 2018та година

 

За сите граѓани на РМ

• 1 јануари (понеделник), Нова година

• 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

• 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 1 мај (вторник), Ден на трудот,

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 2 август (четврток), Ден на Републиката

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

 

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

• 6 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

 

За граѓаните од католичка вероисповед

• 2 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

 

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.