Дали ве следи негативна семејна карма? | Trendseteri
Menu

Дали ве следи негативна семејна карма?

Ако сте ги почувствувале овие неколку работи, сте наследиле лоша семејна карма

 
Кармата претставува постојано созревање и развивање на секој наш сегмент, а последиците кои ги чувствуваме сега, но и во иднина, можат да бидат предизвикани од далечното минато.
 
Постои верување дека кармата може да се наследи преку крвно сродство, односно дека постои кармичка ДНК, па често за некој кој е повеќе пати изложен на животни и енергетски блокади кажува дека е „жртва“ на кармичка ДНК.
 
5 знаци кои упатуваат на тоа дека сте жртва на семејната карма:
 
  • Се чувствувате различни од своето семејство, негувате различен систем на вредности и многу постапки од своето семејство сакате да ги промените.
  • Чувствувате често неосновани мачнини, посебно во пределот кај рамената (блокирани енергетски точки).
  • Често се појавуваат препреки на патот до исполнување на плановите, дури и ако сте дале се од себе овој пат да успеете.
  • Премногу сте самокритични и се успорувате себе на патот до самоисполнување.
  • Свесни сте дека одредени постапки од вашето семејство можат да ви се вратат во вид на кармички долг.
 
Не мора да значи дека кармата директно сте ја наследиле од родителите, тие енергетски текови можат да датираат од далечното минато, од вашите предци.
 
Кармичката ДНК се гради и оддржува со години, но постои и начин да се ослободите од негативната семејна карма.
 
За да се ослободите, потребно е да верувате во интуицијата и да се ослободите од неоснованите стравови.
 
Бидете креатор на сопствената судбина и сами исправете ги делата за кои мислите дека можат да предизвикаат кармички долгови.
Станете свесни за секоја ваша постапка, вашите мисли, зборови, емоции…
 
Обидете се да се ослободите од негативните односи кои прават енергетски чворови, решете ги или отпуштете ги.
 
Важно е да бидете свесни и да ги прифатите животните предизвици, да се соочите со нив и понекогаш да дозволите кармата да ве научи важна лекција.