Посебна нега за чувствителната кожа | Trendseteri
Menu

Посебна нега за чувствителната кожа

Како да ја негувате чувствителната кожа

 

Преголемата сензитивност на кожата ја предизвикуваат неизбежните стресни ситуации, убрзаното секојдневно темпо на живеење, а симптомите сме ги приметиле сите во одреден период од животот.

Минливо црвенило, пецкање и иритација, чувство на жарење на одредени делови од лицето, укажуваат на осетливост на кожата. Една од причините за таквите појави е секако користење на несоодветна препаративна и декоративна козметика.

Кога тоа ќе се случи, најдобро е првенствено да се сведе на минимум бројот на козметички производи кои ги користите кои сепак треба да бидат наменети за чувствителна кожа. Треба да избегнувате препарати кои во себе содржат парфеми затоа што дополнително ја иритираат кожата. Исто така треба да се избегнува хемискиот пилинг на лице и пилингот со крупни и груби гранули. Туширањето со премногу топла вода исто така ја оштетува и дехидрира целокупната кожа, не само на лицето.

После миење или туширање со благ ph сапун, што нема дополнително да ја оштети вашата кожа, со благо тапкање ќе ја исушите. За нега на ваква кожа секојпат бирајте производи со смирувашки состојки и внимавајте да бидат што поприродни. Одличен изум се серумите и кремите за длабинска хидратација, а во себе содржат и смирувачки состојки. Еден од тие хит производи во моментов е серумот „Vichy Mineral 89 “, кој инстантно ќе ја смири чувствителната кожа. Доколку имате благо црвенило и затегнатост ова е серум што ќе ви помогне тие исчезнат.