Не сакала да биде славна, но таа сега е мега популарна | Trendseteri
Menu

Не сакала да биде славна, но таа сега е мега популарна

Татко и ја напуштил кога била бебе, несакала да стане славна, а денес е мега популарна пејачка! Знаете ли за кого се работи?

 

Нејзината мајка била 18 години кога нејзиниот партнер ја оставил со бебето, кое со тек на време станува една од најталентираните и најпопуларните пејачки во светот.

Како тинејџерка сменила 10 училишта и постојано се селела со мајка и насекаде низ Велика Британија.
Погодувате, се работи за Адел.

Интересно е што таа никогаш не ни сакала да биде позната.

Сакала само да им помага на пријателите, нивните песни да бидат поквалитетни. Но, еден од нив објавил нејзино дело на популарна социјална мрежа кое го виделе продуценти и после тоа снимила албум.

Првиот албум е продаден во 10 милиони примероци. По тоа се заљубила во 10 години постар од неа маж, а кога прекинале ја напишала песната „Someone like you“ која станала голем хит.

Во 2012 година освојува 6 Греми, а сега има веќе 12 и повеќе од 100 милиони продадени изданија. Двапати е прогласена за една од највлијателните личнности во светот.

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите