Не ја брзај љубовта | Trendseteri
Menu

Не ја брзај љубовта

Ќе те најде кога ќе бидеш подготвена


Сите знаеме дека е тешко да се биде сингл кога сè што сакаш е да љубиш некој. Разбираме дека си фрустрирана да гледаш како твоите пријатели се во врски, додека ти не можеш да пронајдеш некој за да биде со тебе.

Верувај, и други биле во таа позиција кога се обидувавле да ја „натераат“ љубовта да дојде, но едноставно не функционирало.

Тоа е затоа што вистинската љубов е нешто што се случува природно. Без разлика колку многу го сакаш тоа, не можеш да ја брзаш љубовта – таа ќе дојде кога ќе бидеш подготвена.

Не скокај во врски во кои не гледаш иднина. Почекај ја личноста која ќе ти ја разбуди искрата.

Почекај сè додека не почувствуваш дека мажот пред тебе ти е судбина.

Бајките се прекрасни, убави и совршени, но тие се само бајки.

Во вистинскиот живот, врските се тешки и полни со мани. Има кавги, несогласувања и мрачни времиња за двајцата. Секогаш ќе има такви мигови.

Затоа не се смирувај покрај некој што не разбира дека ќе има лоши времиња.

Најважно, одбери да сакаш личност која е свесна колку напор е потребно да се вложи во една врска.

Љубовта е најубавата работа на светот, но не можеш да ја форсираш.

Иако боли срцето од што имаш многу љубов која немаш кому да ја дадеш, мора да почекаш.

Почекај додека љубовта не те пронајде. Верувај тоа ќе се случи кога ќе бидеш подготвена.