Наоми Кемпбел повторно на писта по 14 години пауза | Trendseteri
Menu

Наоми Кемпбел повторно на писта по 14 години пауза

Црниот Пантер ја затвори ревијата на Валентино во нејзин стил


По 14 години пауза, оваа модна икона се врати на пистата и тоа со стил што доликува на неа. Ја затвори ревијата на Валентино во елегантен свечен, фустан со пуф-ракави и проѕирен горен дел. Фустанот е креација на Пиерпаоло Пициоли, а оваа безвременска девојка од насловните страници последен пат за оваа модна куќа настапуваше уште додека самиот Валентино Гаравани беше креативен директор.
 
Манекенката покажа како и со 48 години изгледа фантастично и во потполност ја заслужува својата титула Кралица на сексапилот и модните писти.

Photo: Pascal Le Segretain