10 најскапи намирници на светот | Trendseteri
Menu

10 најскапи намирници на светот

Кога нема да ви биде битна цената, пробајте една од овие работи


На многумина не им е протребно многу пари за да јадат квалитетно. Меѓутоа доколку сте освоиле лото и цената не ви е важна, може да вкусите некои од најексклузивните производи на светот. Ви ги претставуваме најскапите производи на светот:
 
Coffee Luwak- 100$ за една шоља
Ова е најскапото кафе на светот. Најинтересно е тоа што се прави од животински измет. Ова кафе се прави од зрна кои се собираат од изметот на азиски животни кои најмногу потсетуваат на нашите мачки, но во суштина тие се во сродство со мунгосите. Нивниот дигестивен тракт дава на кафето слаткаста арома и нежен, јасен вкус. Годишното производство на ова кафе е околу 450 килограми и најмногу се продава во Јапонија и Америка.
 
Говедско Wagyu Ribeye- 250$ за едно парче
Ова ретко говедско ни доаѓа од Јапонија, а животните редовно се масираат. Масажата не влијае директно на вкусот на месото, туку се практикува за да се спречи грчење на мускулите во малиот простор во кој се сместени. Тие кои го пробале ова месо, тврдат дека вкусот е спектакуларен.
 
Berco’s пуканките- 250$ за едно пакување
Посолени со најскапата сол со додаток на органски шеќер за карамелата, овие пуканки содржат и јадливи снегулки од 23 каратно злато. Спојот на овие состојки допринесуваат и за финалната цена.
 
Сирење од магарешко млеко- 1000$ за килограм
Ова сирење доаѓа од Србија. Направено од млеко од магарица на фарма на 50 километри од Белград, по традиционален рецепт. Со оглед на тоа што магариците произведуваат релативно малку млеко, постапката се повторува три пати дневно, а проценето е дека требаат повеќе од 15 магарици за 4 литри млеко. 
 
Golden Phoenix Cupcake мафини- 1000$ за едно парче
Се верува дека ова е еден од најскапите мафини на светот. Направен од зрна ванила од Уганда и првокласно чоколадо Amedei Porcelena. Одозгора се додава ладен чоколаден прелив, па се наросува со злато во прав.
 
Шафран зачин- 1500$ за 450 грама
Најскапиот зачин на светот. Секој цвет носи три дела кои внимателно се берат, а потоа се сушат. Висината на цената е заради рачната работа и минималните количини кои се собираат од цветовите. 
 
230 Fifth Hotdog- 2300$ по парче
Во најскапиот хотдог можете да уживате доколку го посетите ресторанот 230 Fifth во Њујорк. Закажете 48 часа однапред, издвоите 2300$ и уживајте во хотдогот исполнет со најдобриот кавијар и величината, која е колку палка за бејзбол.
 
Yubari King диња- 12.000$ едно парче

Оваа диња се одгледува во стакленици во Јубари во Јапонија. Таа е една од најскапите здрави намирници во светот. Цената е заради нејзиниот прекрасен сладок вкус, како и за пропорциите кои на многумина им се допаѓаат.
 
Јадливи златни ливчиња- 15.000$ за 450 грама
Тие воглавно се користат за декорирање на храна. Цената им варира во зависност од тежината. Најпопуларни се во текот на доделувањето на Оскари, а луѓето ги користат за колачите во облик на Оскарите или за пијалоците. За некои забави, злато во прав се додава во шампањот.
 
Almas kavijar – 25.000$
Овој кавијар од Иран важи за најскапиот кој може да се набави. Воедно него не е ни лесно да се набави, а кој ќе успее, ќе му стигне запакован во метална кутија од 24 каратно злато. Често се вели дека е наменет за Кралевите, со оглед на цената.

Photos: Shutterstock