Најсексапилните мажи - и сите имаат над 50 години !!! | Trendseteri
Menu

Најсексапилните мажи – и сите имаат над 50 години !!!


Ги воодушевуваат жените ширум светот, а длабоко згазиле во петтата, па и во шестата деценија.

 
Дека добро ќе изгледате ако се чувствувате добро, најдобро го потврдуваат мажите кои го редефинираа својот изглед рушејки ги стереотипите.
 
Чуандо Тан е фотограф од Сингапур кој има 51 година, а неговите фотографии ги воодушевија и мажите и жените. За него времето како да застанало, а Чуандо зборува дека за тоа се заслужни генетиката и редовните тренинзи.
Photo: Instagram
 
Филипе Думас- 62, пред неколку години одлучи да експериментира со својот изглед. Пушти густа брада и го промени стилот на облекување. Неговата кариера започна откако почнале на улица да го запираат и да го коментираат неговиот изглед и стил. Помислил дека може да стане модел, а агенциите со двете раце го прифатиле.

Ентони Варекиа е Американец кој има 55 години и исто така миленик на женската публика.

Жанлука Ваки има 51 година и стана интернет сензација откако објави на својот инстаграм профил видео на кое игра со својата девојка на јахта.
 
Завидлива кариера на модел во педесетите оствари и Ејден Брејди.

Големо внимание во јавноста привлекува со својот изглед Ерик Рутерфорд- 50.

Дека годините немаат „врска“ со изгледот и стилот докажува и Италијанецот Алесандро Манфредини.

Тука се и педесет годишните Ирвин Рандл…

Рон Џок Фоли…

…и Шон Мајкл Хелфи.

 
Најстариот помеѓу овие атрактивни мажи е 82 годишниот Дешум Ванг кој минатата година е прогласен за „најзгодниот дедо во Кина“.