Најпопуларните колачи на светот | Trendseteri
Menu

Најпопуларните колачи на светот

Медењаци кои ги сакаат и децата и возрасните!

 
Вкусните медењаци се едни од најпопуларните Божиќни колачиња во светот, а ние ќе ви помогнеме да ви испаднат совршени.
 
Овој рецепт на вкусни и миризливи медењаци ќе ве одушеви, доста е едноставен.
 
Состојки:
За медењаци: 100гр чоколадо, 250гр мелени бадеми, 50гр брашно, 1 јајце, 200гр мед, 2 лажички какао, пола лажичка шеќер со цимет.
За прелив: 200гр шеќер во прав, 2 лажици млеко, неколку капки екстракт ванила.
 
 
Подготовка:
 
  1. Истопете го чоколадото и помешајте го со бадемите, брашното, јајцето, мед и зачините(шеќер, какао, цимет) и замесете глатко тесто. Замотејте го во фолија и ставете го во ладилник 1 час.
  2. Рерната загрејте ја на 180 степени. За тоа време разсукајте го тестото со дебелина од 7-8 мм, а потоа со калапчиња вадете различни облици.
  3. Медењачите ставете ги на хартија за печење, печете ги околу 10 минути, а потоа ставете ги на страна да се оладат, не во ладилник.
  4. Оладените медењаци прелијте ги со шеќерот во прав растопен во млекото или украсете ги со стопено чоколадо и други додатоци по желба.

Photos: Pixabay