Најмудрите цитати на сите времиња | Trendseteri
Menu

Најмудрите цитати на сите времиња

Цитати од луѓе кои ја пишувале историјата


Овие одбрани зборови на мудроста се едни од најмоќните и најмудрите на сите времиња.

  1. Секој е гениј. Меѓутоа, ако ја проценуваме рибата во зависност од нејзината способност да се качува по стебла, таа целиот свој живот ќе го помине во уверување дека е глупава – Алберт Ајнштајн.

  2. Пред да си дијагностицирате депресија или ниска самодоверба, прво уверете се дека не сте опкружени со кретени – Сигмунд Фројд.

  3. Ако барате среќа за другите, ќе ја најдете и за себе – Непознат.

  4. Љубовта е глагол. Љубов-чувство е плод на љубовта-глагол – Стивен Кови.

  5. Сè може да му се одземе на човек освен една работа: последното од човечките права – правото на избор на став во какви било околности, право на избор на сопствениот пат – Виктор Франкл.

  6. Кој се плаши дека ќе страда, веќе страда затоа што се плаши – Мишел де Монтењ.

  7. Успех е да се оди од неуспех во неуспех, без да се изгуби ентузијазмот – Винстон Черчил.

  8. Морате да бидете промената што сакате да ја видите во светот – Ганди.

  9. Кога една врата ќе се затвори за среќата, друга се отвора, но понекогаш толку долго гледаме во затворената врата што не ја гледаме онаа што се отворила за нас – Хелен Келер.

  10. Предизвиците го прават животот интересен, а ако преовладуваат – му даваат смисла – Џошуа Џ. Марин.

  11. Ако сакаш среќа за еден час – оди дремни. Ако сакаш среќа за еден ден – оди на риболов. Ако сакаш среќа за една година – наследи богатство. Ако сакаш среќа за цел живот – помогни му на некој друг – кинеска поговорка.

  12. Животот никогаш не е неподнослив поради околностите, туку поради недостигот на смисла и цел – Виктор Франкл.

  13. Животот е навистина едноставен, но ние настојуваме да го комплицираме – Конфуциј.

  14. Многу луѓе имаат страст, но поради нивното ограничено уверување за тоа кои се и што можат да направат, никогаш не преземаат чекори со кои нивниот сон би станал реалност – Ентони Робинс.

  15. Вистинскиот успех го надвладува стравот од неуспех – Пол Свини.

  16. Умот кој доживеал ново искуство никогаш не може да се врати на својата стара димензија – Оливер Вендел Холмс.

  17. Единствен начин на кој можеме да живееме е да растеме. Единствениот начин на кој можеме да растеме е да се менуваме. Единствениот начин на кој можеме да се менуваме е да учиме. Единствениот начин на кој можеме да научиме е да сме посветени. А единствениот начин да бидеме посветени е да се отвориме – Ц. Џојбел.

  18. Ако нешто не ви се допаѓа – променете го. Ако не можете да го промените, променете го начинот на кој размислувате за тоа – Мери Енгелбрајт.

  19. Животот кој го поминуваме правејќи грешки е почесен од животот кој го поминуваме не правејќи ништо – Џорџ Бернар Шо.

  20. Времето е пребавно за оние што чекаат, пребрзо за оние што се плашат, предолго за оние што тагуваат, прекратко за оние што се радуваат, но за оние што се сакаат, времето е вечност – Хенри ван Дајк.

  21. Претпочитам да умрам од значајна смрт отколку да живеам безначаен живот – Корасон Акино.

  22. Боже, дај ми разум да ги прифатам работите што не можам да ги сменам и сила да ги сменам оние што можам, како и мудрост да ја видам разликата – Рајнхолд Нибур.

  23. Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат; тие слушаат со намера да возвратат – Стивен Кови.

  24. Светот каков што го создадовме е процес од нашето размислување. Не може да се промени без да го промениме нашето размислување – Алберт Ајнштајн.

  25. Понекогаш сметаме дека сиромаштијата е да се биде гладен, гол и без покрив над главата. Да си несакан, неволен и занемарен е најголемата сиромаштија. Мораме да почнеме да го лекуваме овој вид сиромаштија во своите сопствени домови – Мајка Тереза.

  26. Вчера е историја, утре е мистерија, денес е дар од Бога и тоа е причината што го нарекуваме сегашност (англ. presence, слично како present – подарок) – Бил Кин.

  27. Вљубувањето не е избор. Да се остане вљубен – тоа е избор. – Непознат

  28. Најубавите луѓе што сме ги познавале се оние луѓе што почувствувале што е пораз, страдање, борба и губиток, но сепак го пронашле својот пат. Тие поседуваат благодарност, чувствителност и разбирање на животот кои ги исполнуваат со сочувство, благост и длабока грижлива љубов. Најубавите луѓе не станале најубави само така едноставно! – Елизабет Кублер-Рос.