Ресторани во посебен стил | Trendseteri
Menu

Ресторани во посебен стил

Најчудесните ресторани каде може да ги доживеете најинтересните искуства

 

Доколку сакате да ги посетите рестораните кои по изгледот и услугата се разликуваат од оние стандардните кои веќе ги имате во вашата земја, ние ви ја издвоивме оваа листа на најчудесни ресторани за вас. Во овие чудесни ресторани луѓето доаѓаат за атмосферата и остануваат заради храната.

 

1. Подводниот ресторан на Малдивите “Ithaa Undersea Restaurant”

 

 

Првата дестинација е позната и како рај на земјата, поради бескрајно долгите песочни плажи и кристално бистрата морска вода – Малдивите. Тука на посетителите им нуди подводен интернационален ресторан сместен на островот Рангали и се нарекува “Ithaa”. Овој прекрасен и интимен ресторан кој е отворен уште во 2005-тата година, е сместен на 16 метри под морското ниво и нуди панорамски поглед кон морето односно да ги гледате рибите како пливаат околу вас во кристално бистрата вода. И да, не ви треба водоотпорен мобилен телефон за да фотографирате.

 

2. Висечкиот ресторан во Монтреал, Канада “Dinner in the Sky”

 

 

Можеби сте гладни за уште една нова авантура?  Ако ви досадило да ја консумирате храната во ресторани на земја, можеби треба да отпатувате во Монтреал, Канада и да го посетите ресторанот “Dinner in the Sky” кој се наоѓа на 160 метри над земјата и виси во воздухот со помош на дигалки. Храната се подготвува и послужува на лице место. Гостите, како и главниот готвач, се врзани со сигурносни појаси.

 

3. Redwoods Threehouse – Вакфорт, Нов Зеланд

 

Нов Зеланд е познат по нереалните пејзажи, опкружени со многу зеленило, но во оваа земја се наоѓа и ресторанот „Редвудс“ кој е сместен на куќичка на дрво.Изграден е во 2008 година и поставен на 32 метри над земјата и со капацитет од 30 гости. Тој е изграден помеѓу крошните и земјата, па затоа и се вбројува помеѓу најчудните ресторани на светот.

 

4.  Модерен тоалет-ресторан “Modern Toilet” во Тајван, Кина

 

Тајванскиот ресторан чиј ентериер е  изгледот на тоалетот е дефинитивно еден од најчудните ресторани во светот. Овој ресторан е инспирација на еден од сопствениците читајќи новини додека бил во тоалет. Главното јадење се послужува во чинии кои имаат облик на тоалетна школка. Денес синџирот ресторани на модерниот тоалет е со локации низ цела Азија и има планови за понатамошно проширување.

 

5. Кинескиот ресторан сместен во карпи – “Fangweng”

 

Кинескиот ресторан е сместен во повеќе меѓусебно поврзани пештери, на огромна височина, со прекрасен поглед кон местото каде се спојуваат две големи реки. Од кујната до сите останати делови може да се стигне по мали мостови од каде најдобро се гледа извонредното зајдисонце. Што се однесува до менито, се послужуваат исклучително локални специјалитети.

 

6. Магичниот ресторан на карпа “Rock Restaurant” во Занзибар

 

Rock Restaurant е уникатен ресторан сместен недалеку од брегот на плажата Michanwi Pingwe во Занзибар, Танзанија. Чувството да бидете гостин овде е нешто кое не смеете да го пропуштите: неверојатна околина со прекрасни бои, звуците на водата, преубавата храна и љубезните домаќини ќе направат да се чувствувате магично.

 

7. Пештерски ресторан “Ali Barbour” во Кенија

 

Пештерата Али Барбур во Кенија се смета дека е стара 180.000 години, но пред само 30 години бил отворен ресторанот на 10 метри под површината. Природно создадените дупки во пештерата им даваат поглед на гостите кон вечерното небо и заедно со свеќите формираат волшебна, романтична атмосфера.