Nadal x Tommy | Trendseteri
Menu

NADAL x TOMMY

nadal-back

 

Рафаел Надал е главна ѕвезда во кампањата за Tommy Hilfiger Tailored

 

Меѓународната тениска ѕвезда и бренд Рафаел Надал, претставува заштитно лице на есенската кампања за Tommy Hilfiger Tailored колекцијата. Кампањата го претставува Надал како ги носи моделите на овој бренд во три посебни прилики кои прикажуваат високо квалитетен дизајн и комфорт при носење.

Инспирирани од активниот Lifestyle на Надал, фотографиите претставуваат три универзални моменти: Down Time, On the Road и Strictly Business. Во секоја од овие прилики Надал носи различно THFLEX Rafael Nadal Edition одело кое е специјално скроено од high-performance италијански материјал. Наменети се за мажи кои се постојано во движење, со едноредно и дворедно закопчување и степенот на гужвање на намален на најниско можно ниво.