Ѓоко Танески со нова песна | Trendseteri
Menu

Ѓоко Танески со нова песна

Во овој свет – Нова песна на Ѓоко Танески

 

Еден од ретките наши музичари кој остана присебен и човек пред сè, објави нова песна.

Само пред неколку дена имаше Ѓоко прес за проектот „NUMB Tribute to Pink Floyd“ на кој е и носител. Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга кои се веќе добро познати во јавноста. Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (синтисајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Подготовките за концертот траат веќе неколку месеци, а ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd. Тука се „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 безвременски хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација, истакна Танески.

И во иднина ќе имаме прилика да уживаме во добрата музика од и со Ѓоко Танески.

 

#HFWEXPO   Park Hotel & Spa

Mесец на девиците

Месец на Раковите
DejaVu Capitol Mall