Мотивирачки и инспиративни цитати на Коста Петров | Trendseteri
Menu

Мотивирачки и инспиративни цитати на Коста Петров

Коста Петров – интернационалнен претприемач, бизнис експерт, јавен говорник и автор

 

 

 

Коста Петров е основач P World, светската водечка агенција за организирање на настани. Неговата агенција, која работи во 30 земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Северна Америка, е една од најголемите македонски брендови во светот. Интернационално докажан претприемач и експерт за односи со јавност на брзорастечки пазари.

Коста Петров е најпродаваниот бизнис-автор во Македонија, а заслужни за тоа се неговите 5 издадени книги “Се гледаме на врвот”, “Стравот”, “Нашето последно кафе”, “Тајните на светските ПР експерти” и “Никој не рече дека ќе биде лесно”, преку кои ја споделува неговата приказна за животот и успехот.  Тој исто така е и дописник за американското издание на “Huffington Post” и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.

И бидејќи претставува еден од најинспиративните личности, погледнете некои од неговите најдобри цитати…

 

“Има една работа што секогаш си ја кажувам кога ќе паднам: Чекор по чекор, и ова ќе помине”.

 

“Ако не го побараш тоа што го сакаш, одговорот секогаш ќе биде не”.

 

“Секоја негативна случка или предизвик можеш вистински да ги согледаш само тогаш кога ќе ги отфрлиш личните чувства од нив”.

 

“Опкружи се со луѓе пред кои можеш вистински да бидеш тоа што си, а не тоа што тие сакаат да бидеш”.

 

“Вистина е дека сите ние некогаш сме направиле лош избор. Ќе направиш и ти. И тоа не значи дека си лош човек. Напротив, тоа значи дека си човек”.

 

“Ти си ти, тоа е твојата најголема моќ”.

 

“Кога поминуваш низ потешките моменти во животот, не заборавај дека е привремена и на крајот, небото е многу поведро поради неа”.

 

“Биди внимателен со твоите зборови. Тие имаат моќ да создадат нови реалности”.

 

“Ако се грижите премногу за вашиот проблем, тој нема да исчезне. Напротив, стравот ги прави работите уште покомплицирани отколку што навистина се”.

 

“Постојат многу работи на светот што можеби имаат моќ да ја сменат твојата насмевка, но твојата насмевка има моќ да го промени светот”.

 

“Затоа, без разлика колку е тежок товарот, најди и ти причина да се насмевнеш. Ако за ништо друго, барем затоа што е добар лек”.

 

“Љубомората е како нож во грб. Со секоја љубоморна мисла ние забиваме нож во грб. На самите себеси”.

 

“Успехот е нешто што единствено ти можеш да го дефинираш. Не дозволувај дефинициите на другите да влијаат врз твојот живот. Ти треба да го живееш сопствениот живот, а не нивниот”.

 

“Сите што успеале, го постигнале тоа затоа што биле сигурни во својот успех. Не само што биле сигурни, туку  го мирисале и го чувствувале тој успех многу долго време пред да се случи”.

 

“Трпеливоста создава чуда”.

 

“Одговорот на сите негативни пораки и омаловажувања е едноставен – НЕ РЕАГИРАЈ!”

 

“Некогаш целиот наш свет треба да се урне за да излеземе од конфорната зона”.

 

“Не можеме да ги промениме другите. Ако сакаш мир, мораш да се промениш себеси”.

 

“Сè што е вредно да се направи никогаш не е лесно!”.

 

“Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат. Тоа е дека не те познаваат доволно, но мислат дека имаат право да кажат нешто за тебе”.

 

“Луѓето што ве повредиле се всушност оние што ви помогнале да ги научите најважните и најтешките лекции на вашиот животен пат”.

 

“Споделувањето тајни најпрво олеснува, потоа тежи”.

 

“Кога ќе наидеш на пречка, запомни дека непријателот е твојата реакција, а не самата пречка”.

 

“Тенка е границата помеѓу упорноста и тврдоглавоста”.

 

“Паѓањето никогаш не е проблем. Проблем е ако не станеш”.

 

“Онаму каде што си, е онаму каде што треба да бидеш”.

 

“Секој предизвик е зрак светлина што ме води онаму каде што треба да стигнам”.

 

“Јас сум оптимист. Не ми изгледа корисно да бидам нешто друго”.

 

“Кога ќе ја пронајдеш љубовта во себе и кон себе не само што ќе имаш сила да го промениш светот, туку ќе ја добиеш и најголемата моќ на светот – можноста да ја споделиш љубовта со некој друг”.

 

“Биди тоа што сакаш ти да бидеш, без разлика колку смешно тоа им изгледа на другите. Па дури и на најблиските. Ти си ти и никој не може да биде тоа што ти можеш да бидеш. Само ти!”