Како изгледала една од најубавите жени - Моника Белучи, пред три децении | Trendseteri
Menu

Моника Белучи – Како изгледала една од најубавите жени пред три децении

Го прослави нејзиниот 54ти роденден. Но како изгледала пред 3 децении?!

 

Италијанката Моника Ана Марија Белучи кариерата најпрво ја започнува како модел, а подоцна почнува и да глуми во италијански филмови. Многу брзо се пробива и во Холивуд благодарејки на нејзиниот атрактивен изглед, својата сензуалност и убавина.

Моника никогаш не престана да воодушевува, а колку всушност италијанската дива отсекогаш била убава, може да се види на нејзините фотографии од пред 30 години.

-„Сите зборуваат дека има пластични операции, но погледнете ги тие усни и таа коса“ – рече во една прилика нејзиниот татко Паскал Белучи.

-„Среќа што немавме уште деца, затоа што сигурно би биле љубоморни на Моника“- кажа во едно интервју нејзината мајка.

Моника со својата убавина плени уште од детството. Со 12 години непознати луѓе и приоѓале на улица и и нуделе милиони и живот во странство. Во рестораните, келнерите никогаш не и наплаќале, затоа што им било чест да служат таква убавина.

На училиште секогаш привлекувала внимание, а наставниците откриле дека таа влијае на нивната концентрација.

Убавината во мало место била голем проблем. Таа и не се дружела со децата, затоа што сите ја гледале вчудоневидено и деца и мажи и жени.

Иако се криела, нејзината убавина неможела да остане само во малото италијанско гратче. Светот ја запозна Моника Белучи и ја засака.

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите