Моќ која буди страв! Bugatti Chiron Super Sport | | Trendseteri
Menu

Моќ која буди страв! Bugatti Chiron Super Sport

Bugatti Chiron Super Sport – Најлуксузниот суперавтомобил од Бугати

Во 2005 година Бугати го потресе светот на суперавтомобилите со Veyron моделот со 1000 коњски сили и максимална брзина од 400 км на час. Потоа, во 2010 Бугати ги помести границите со новиот Bugatti Veyron Sport со неверојатни 1183 коњски сили и постави светски рекорд со максимална брзина од 430 км на час.

Сега Бугати го замени Bugatti Veyron со Bugatti Chiron, возило кое е значително помоќно и постави нов светски рекорд.

Bugatti Chiron Sport е најмоќниот, најбрзиот и најексклузивниот супер спортски автомобил во историјата на брендот Bugatii, кој неодамна беше презентиран на саемот во Женева.