Mодни комбинации за денска кафе-шема | Trendseteri
Menu

Mодни комбинации за денска кафе-шема

Дневното излегување во град со стил


Пролетта започна и температурите се качуваат. Најдобриот начин да ги уживате првите топли денови е да испиете кафе на сонце. Веројатно сакате и во оваа прилика да изгледате беспрекорно, во продолжение погледнете неколку предлози за модна инспирација.


Комбинација со патики

Покрај тоа што лесно се комбинираат со секаква облека, белите патики ќе ви помогнат да постигнете разни модни стилови. Нивниот минимализам е одлична инспирација за разни дневни комбинации, вклучувајќи го и излегувањето на кафе. Патиките можете да ги комбинирате со класични фармерки и голема кошула. Целата комбинација дополнете ја со интересен ремен, големи обетки и лежерна торба.


Комбинација со рамни чевли

Изминативе неколку сезони рамните чевли им станаа омилен моден додаток на трендсетерките. Бидејќи излегувањето во град бара удобност, овие обувки се совршени за таа прилика. Можете да одберете светли балетанки кои одлично стојат со фустан, особено со цветен дезен. Целиот изглед можете да го дополните со чанта во боја, персонализиран накит и впечатливи очила за сонце.


Комбинација со високи потпетици

Топлото време значи дека конечно ќе можете да ги носите разните пролетни штикли кои се одлични за секоја прилика. За излегување во град можете да ги комбинирате со тексас фустан со копчиња и едноставен џемпер. Можете да ја освежите комбинацијата со интересна марама и чанта со дречлива боја, како на пример, тренди розова.