Модни комбинации што ќе ги гледаме овој месец | Trendseteri
Menu

Модни комбинации што ќе ги гледаме овој месец


Неколку модни инспирации за во април


Без разлика на временските услови или годишното време, веројатно секогаш сакате да изгледате модерно и убаво. За да го постигнете тоа овој април, следниве модни комбинации нека ви бидат инспирација.


1. Чипка

Пролетната сезона е совршена за облеката со чипка. Можете да одберете парче целосно направено од чипка, но доволен е и мал детаљ. Фустанот од чипка е одличен избор за топлите денови, а можете да го комбинирате со јакни и блејзери.


2. Здолниште со цветен принт

Пролетта секогаш нè асоцира на цветови, па април е совршен месец за овој принт. Здолништето е само еден начин да го усовршите вашиот секојдневен стил. Плисираните, струкираните и здолништата со А крој се секогаш одличен избор.


3. Модерен панк

Чевлите со нитни можете да ги носите за секојдневно излегување и се навистина популарни. Надополнете го изгледот со искинати фармерки, а за „посериозен“ изглед можете да одберете кошула со риги. Дополнете го стајлингот со кожна јакна.


4. Широк мантил

Многумина сметаат дека овие мантили се застарени, но ова парче облека може да ви помогне да изгледате навистина модерно и елегантно. Можете да го комбинирате со секаква облека и е одличен за секаква прилика.


5. Точки

Доколку не сте роб на трендовите, облеката со точки е одличен избор за вас. Можете да ги најдете на кошули и блузи, па дури и на панталони и обувки. Точките се апсолутен хит и оваа пролет нема да погрешите со нив.


6. Кожно здолниште

Облеката од кожа можете да ја носите и во пролетната сезона. Всушност, тогаш е и најпопуларна. Едно од најпривлечни кожни парчиња е здолништето, кое можете да го носите во секоја прилика и да го комбинирате со ролки, блузи или кошули.


7. Тексас јакна

Многу популарна јакна за пролетната сезона е тексасот. Можете да најдете безброј модели, а сигурно веќе и имате една. Тексас јакните се одлични за дневно излегување и се комбинираат со речиси секоја облека.


8. Здолниште со висок струк

Овие здолништа се елегантни и погодни за секоја прилика. За поопуштен изглед, слободно комбинирајте ги со интересни блузи, а одлично изгледаат и со кошули.


9. Искинати фармерки

Ерата на искинатите фармерки уште не е завршена. Овие модели се модерни и одлични доколку сакате урбан изглед. Можете да ги комбинирате и со нежни материјали за да го „ублажите“ целиот изглед.


10. Здолниште со карнери

Карнерите се уште еден тренд кој се враќа од минатото. Можете да ги најдете на многу парчиња облека – од блузи и кошули, па сè до здолништа и панталони. Овие здолништа можете да ги комбинирате многу лесно, а најдобро стојат со кошули и маици.


11. Молив здолниште

Молив здолништата се совршени за попрофесионален изглед. Всушност, ова е најелегантното здолниште што постои и често е дел од работна униформа. Оваа пролет одберете малку подолго здолниште со шлиц. Можете да го комбинирате со блузи и кошули, а во комбинација со класични салонки или кратки чизми ќе добиете одличен изглед.