Модни додатоци во кои се исплати да вложите оваа пролет | Trendseteri
Menu

Модни додатоци во кои се исплати да вложите оваа пролет

Трендсетерите веруваат дека овие додатоци уште долго ќе бидат на врвот


Секоја сезона носи нова листа со модни трендови кои едноставно не можат сите да ги следат од финансиски аспект. Но, во поголемиот дел од тие трендови воопшто не се ни исплати да се вложи затоа што мал дел остануваат на врвот подолго од една сезона. Токму затоа и ја составивме оваа листа од 5 модни додатоци во кои се исплати да вложите оваа пролет, бидејќи експертите веруваат дека тие уште долго ќе бидат на врвот.

Ремен со копчиња

Ако можете да си дозволите, одберете модел со лого на бренд. Но, истиот ефект ќе го постигнете и со друг вид впечатливи детали на него.

Свилена марама

Врзете ја околу вратот, на главата, за ременот од торбата, околу струкот. Можностите се бескрајни, а во секој случај марамата целосно ќе го трансформира вашиот стил.

Очила за сонце

Очилата за сонце се класика, но ако сакате малку да ги „зачините“ нештата, одберете ги оние што се инспирирани од формата на мачките.

Бисери

Според модните експерти, бисерите никогаш нема да излезат од мода. Тие се лесни за комбинирање, секогаш во чекор со трендовите и изгледаат неверојатно на секоја жена.

Округли златни обетки

Не мора да бидат од вистинско злато за да го постигнете посакуваниот ефект. Округлите обетки со причина не излегуваат од мода, и затоа вреди да се вложи во нив.