Како да го носите најпосакуваниот моден додаток - марама | Trendseteri
Menu

Како да го носите најпосакуваниот моден додаток – марама

Ако сакате оваа зима навистина добар аутфит, ви треба моден додаток кој е посебен, единствен и остава впечаток, марама!

 
Иако овој моден додаток е идеален за есенски и пролетни комбинации, ќе ви покажеме како марамата можете идеално да ја вклопите и во секој зимски стајлинг. Она што овој додаток ви го гарантира е дефинитивното истакнување од мнозинството.
 
 
Марама околу врат
Ова е најчест и најкласичен начин да носиш марама. Можеш да ја врзеш околу врат или да ја намоташ како шал. Како додаток одговара со скоро секоја комбинација. Кога се во прашање боите, ви предлагаме нежни и пастелни бои за елегантни комбинации, додека пак живи и впечатливи бои се посакувани во секојдневните комбинации.

 

Марама како ремен
Марама можеш да носиш и во улога на ремен, што на твојот стил ќе даде посебна нота на шарм. Дури и наједноставниот изглед ќе изгледа доста привлечно, совршено се вклопува во комбинациите за на работа и дава доза софистицираност и елеганција.
 
Марама како додаток на чантата
Едноставната и невпечатлива чанта ќе добие потполно нов изглед ако додадете марама. Она што е идеално во овој случај што со промена на гардеробата не мора да ја менувате чантата, едноставно само сменете ја марамата.

Она што е најдобро кај овој додаток е секако мултифункционалноста. Според тоа, се исплати да вложите во неколку добри марами и да ја збогатите вашата колекција.