Митови и факти за сончање | | Trendseteri
Menu

Митови и факти за сончање

Митови и факти за сончање

 

Многу пати слушаме дека носењето на крема со заштитен фактор е неопходно нешто за на плажа. Во главата ни е всаден страв дека ако го немаме со нас и не го користиме ќе ни остаре кожата и ќе имаме зголемен ризик за рак на кожа. Не постои статија или реклама во која не се потсетува за важноста на носење на заштитни млека или облека. Овде ќе разграничиме некои работи и ќе спомнеме неколку митови и вистини поврзани со оваа тема.

 

Мит #1: Луѓето со темна кожа не треба да користат млеко за сончање

 

Без разлика каков е твојот тен или боја на кожа користење на заштитен фактор е потребно кога си изложен на јако сонце. Бојата на кожата и тенот нема да надокнадат и да ги намалат шансите за оштетување на кожата и стареење.

 

Мит #2: Ако во шминките кои ги користам има SPF не треба дополнително да ставам и крема

 

Супер е фактот што денес и производителите на шминки и пудра додаваат SPF во својот состав, но реално количината што вие ја нанесувате на вашето лице не е доволна особено доколку сте подолго време изложени на сонце. Доколку сакате и шминка и заштита, тогаш најдобро е да најдете креми и шминки кои се компатибилни и нема да си сметаат една на друга, односно со женски речник ‘да нема растекување и размачкување’.

 

Мит #3: После капење не треба повторно да ставаш крема доколку е водоотпорна

 

Веќе некои релевантни институции за заштита на потрошувачи особено FDA во САД се се’ погласни — терминот ‘водоотпорен’ да се исфрли од употреба затоа што дава погрешна претстава, а особено кај нас мажите кои сме мрзеливи за овие работи па супер ни звучи само еднаш да се намачкаме и да трае цел ден. Но, вистината е дека доколку користите таква крема не значи дека не треба да ја нанесте само еднаш и да се бањате колку што сакате без грижа. Доколку поминувате повеќе од 40 минути во вода, тогаш задолжително нанесете крема после бањање, а доколку правите пократки престои во вода, тогаш најдобро е да ставате крема на секои 2 часа.

 

Мит #4: Крема за сончање ти е потребна само за неколку делови и предели од телото

 

Постои само една вистина и правило, а тоа е: Секој дел што е изложен на сонце треба да се мачка со заштитна крема!

 

Мит #5: Заштитните креми за бебиња се подобри од оние за возрасни

 

Кремите за сончање ги содржат истите активни состојки и кај оние за возразни и кај оние за деца. Ако факторот е 30, тогаш факторот е 30. Она што е подобрено кај кремите за деца е што се направени за посензитивна кожа односно се можеби изолирани од парабени, сулфати, непарфемириани, со заштита од солзење и слично. Но функцијата за заштита од сонце е идентична.

 

Мит #6: Ланската крема ќе си ја користам и годинава

 

Иако кремите имаат рок на траење втиснати на амбалажите, сепак ланската крема е најдобро да оди во ѓубре затоа што како и секој друг продукт времето си го прави своето, односно се губат одредени состојки и нивното својство и моќ. Сега веќе си спремен/на за плажа. Убав помин!

 

The Better Nutrition