Најплатената актерка - ни шминка, ни фризура, ни мода | Trendseteri
Menu

Најплатената актерка – ни шминка, ни фризура, ни мода

Mila Kunis – Без глума живот со 2 мали деца

 

Има нешто во себе, што многу ја сакаат 35 годишната Mila Kunis, може баш затоа што можат да се поистоветуваат со неа. Таа не глуми дека животот со две мали деца е права линија. Не глуми ни дека актерскиот живот, нејзин и на нејзиниот сопруг Ashton Kutcher не бара многу вложување, затоа што бара. Mila исто така во слободното време за на кафе, не сака да размислува за фризери и потпетици, а во парк со децата оди во тренерки и патики. Често е во исти фармерки и чевли, што не е секојдневна појава помеѓу познатите дами.

И додека од една страна имаме славни дами кои никогаш, па ни тогаш, не би излегле од дома без шминка, фризура и барем малку гламур на себе, на другата страна се оние кои повеќе ги сакаме баш затоа што ги рушат сите ѕидови помеѓу својот ѕвезден статус и животот на обичните смртници.

Миленичката сликана е на излегување од Starbucks во Лос Анџелес додека во рацете носела две кафиња. Облечена во широка блуза, скинати фармерки и едноставни црни чевли, без шминка и наместена фризура.

Славната двојка Mila и Ashton се во брак 3 години и се горди родители на 4 годишниот син Dimitri Portwood.

Mila е прогласена за најдобро платена актерка за првите 6 месеци од 2018 година, со заработка од 16 милиони долари!

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите