Миа Костова во одбрана на Тамара | Trendseteri
Menu

Миа Костова во одбрана на Тамара

Миа Костова: Да ви се напљукам у тој лажен национализам, ја ругате Тамара, а немате три грама школо


Статус на водителката Миа Костова:

,,Си викам не пишувај, цел ден ќе се заебаваш со коментари. Ама јазиков увек ми е побрз од паметот.

Па добро бе мајку му, може ли да ви се напљукам у тој лажен национализам на пола и поише од вас што искубавте коси за химната и ја стаивте на линч Тамара, за која пред месец дена пуневте гаќи од среќа.

Истите вие што по статуси јазикот не си го знаете и пишувате на латиница а правописно сте дудуци како да немате три грама школо? Па што не ја сакате Македонија по сите точки?

Седнала Тамара со тимот масони пет дена се договарале како ќе ви рипне строфа. Па најмалце 30 видеа ќе ви најдам кај што светски ѕвезди не знаат што пеат од свои песни на големи настани.

Ама вас к.. ве боли за сцена, за трема, за настап, вие грицкајте сончоглед и вртете по турите за Лептокарија за 37 евра 19 дена и искључујте ја климата од време на време да не троши, у меѓувреме закачете се на фб и напикајте и што е можно поише гениталии на Тамара у уста, пошо она е дел од светски заговор.

Драмулетки едни невидени. Само да има на кој да му се закачите и да му цицате крв, на чоек да му се снеможи од социјални мрежи.”