Шефот на „Mercedes“ во пензија си замина со „BMW“ | Trendseteri
Menu

Шефот на „Mercedes“ во пензија си замина со „BMW“

Пензионирањето на првиот човек на „Mercedes“ не ги остава ни од „BMW“ рамнодушни


Имено, се работи за човекот кој беше 13 години на чело на „Daimler Benz“, извршниот директор Дитер Цече кој во минатата среда се збогува од компанијата и се пензијонира.

Тоа не ги остави ни шефовите на конкурентот „BMW“ рамнодушни и го поздравија со одлична реклама и порака.

„Позитивното“ препукување е долгогодишна традиција помеѓу двата гиганти.

Во рекламниот спот се поздравува Дитер Цече со вработените на „Daimler“ и како што доликува, заминува со С-Класа Мерцедес кој го носи до дома. Но тогаш се случува речиси неверојатното. 

Дитер Цече, препознатлив по неговото тегет сако, фармерки и густи мустаќи влегува во неговата гаража и …погледнете го видеото

Се појавува натпис со …„Free at last“ (Конечно слободен). 

Се разбира дека е само двојник на Цече, кој го искористи „BMW“ за поздрав до конкурентот.  

Иако конкуренти, шефовите на „BMW“ жалат за пензионирањето на Цече со изјавата „…Успехот наш се темели на добра и здрава конкуренција“.

Погледнете ја моќта на рекламата: